Во Барселона има голема желба да го врати Нејмар, но ова лето нема да се случи трансферот на Бразилецот. Звучи неверојатно дека Барселона нема пари за да го врати својот поранешен играч.
„Подигнавме кредит на шест месеци за 35 милиони евра, а останатите 85 милиони ќе ги обезбедиме од ратите на трансферите што ги реализиравме изминатите години“, рекол претседателот на Барселона, Џозеп Марија Бартомеу, кога го претстави Антоан Гризман како нов играч.
Ова значи дека Барселона нема повеќе пари за нови трансфери. Ова лето клубот плати 75 милиони евра за Френки де Јонг и 120 милиони евра за Гризман. Бидејќи има клубот има рати за плаќање за некои претходни трансфери, Барселона нема пари во касата за да го донеса Нејмар.
Бразилецот на „Ноу Камп“ може да пристигне само преку размена на играчи. Барселона понудија тројца играчи за Нејмар, меѓутоа Пари Сен Жермен одбиле таква опција.