Top Sport

Креспо даде објаснување за славното фото од соблекувалната на Челси

Ернан Креспо по 14 години даде објаснување за славната фотографија во која тој гледа во медалот за освоената титула од Премиер лигата во соблекувалната на Челси во 2005/06.

Аргентинскиот напаѓач беше замислен со медалот во раката, откако со 10 гола во 30 меча помогна Челси да заврши осум поени пред Манчестер јунајтед.

„Фотографијата значи дека многу го ценев тоа што го имав, па се изолирав од лудото славје околу мене, си честитав и ја анализирав работата зад успехот. Го погледнав медалот и помислив: ’Го имаш, какво остварување е ова’. Тоа е целата приказна. Да се подготвиш за нешто и да успееш. Тој успех значеше многу на сите во клубот“, вели Креспо.

Сезоната 2005/06 беше последна за Креспо во Челси, по што тој замина во Интер, каде што играше уште три сезони, пред да ја заврши кариерата со настапи за Џенова и Парма. 44-годишниот Креспо во моментов е тренер на аргентинскиот клуб Дефенса и јустисија.

Scroll to Top