Поранешниот аргентински напаѓач, Ернан Креспо застана во одбрана на Лионел Меси, порачувајќи им на другите аргентински фудбалери да ја поддржат првата ѕвезда на тимот за да можат да ја освојат титулата во Русија.
Суперѕвездата на Барселона имаше тежок прв натпревар на Мундијалот, откако неговиот пенал беше одбранет, а Аргентина одигра само 1:1 против Исланд. Меси имаше 11 удари на голот без да постигне гол, поставувајќи рекорд за аргентинската репрезентација.
Креспо, кој имаше 64 настапи за Аргентина, вели дека другите фудбалери мораат да го кренат првиот трофеј од Мундијалот по 1986 година, кога Диего Марадона „сам“ ја освои титулата во Мексико.
„Да почнеме со фактите – Меси заслужуваше петка за перформансите. Секако, сите очекуваат повеќе од него, но Меси не е Марадона и сам нема да освои титула. Ова прво мора да го сфатат сите Аргентинци, а потоа и сите негови клупски колеги. Тој е феномен ако игра во вистински услови како во Барселона, но кажете ми кој му помогна против Исланд? Анхел ди Марија не помина ниту еден противник, играчите од средниот ред никаде ги немаше“, вели Креспо во интервју за „Газета дело спорт“.
Фото: ЕПА