Top Sport

Крис Колмен е „стручњак“ за испаѓање – навивачите на Хебеи се свртеа против него

Фановите на кинескиот клуб Хебеи Чајна фортјун решија да го изразат своето незадоволство откако под водство на поранешниот велшки селектор и екстренер на Сандерленд, Крис Колмен имаат само 7 победи во 30 меча

Хебеи, покрај тоа, има само една победа во 9 меча од новата сезона од Кинеската Суперлига и се наоѓа на претпоследното место на табелата. При 3:2 поразот од Хенан Џианје, обично многу културните кинески навивачи на банер на кинески и на англиски му пратија порака: „Здраво, господине Колмен, ве молиме одете си дома. Отпуштени сте!“.

Колмен потпиша двеиполгодишен договор со Хебеи со годишна плата од 3.5 милиони фунти и го замени Мануел Пелегрини во клубот во јуни 2018. Минатата година тој ги предводеше до шестото место во лигата, и навивачите се надеваа за место во Азиската Лига на шампиони (за што им треба топ 3 пласман).

48-годишниот Колмен претходно ја напушти велшката репрезентација (со која имаше блескав успех на ЕП во 2016 година), и работеше како тренер на Сандерленд, за жал испаѓајќи со нив од Премиер лигата, па од Чемпионшип.

Scroll to Top