Англискиот премиерлигаш Кристал Палас објави план за обнова на нивниот стадион „Селхарст Парк“ со цена од 100 милиони фунти.
Палас ќе изградат нова трибина на пет ката на стадионот на кој играат веќе 93 години, а капацитетот ќе порасне од 26.000 на 34.000 седишта. Плановите ќе бидат доставени до локалната власт во Кројдон во јануари, а работата треба да почне во следните 12 месеци.
Проектот е дело на архитектите „КСС“, кои претходно работеа на обнова на стадионите „Твикенхем“ и „Вимблдон“.
„Потребен ни е стадион кој покажува кои сме ние, до каде стигнавме и каде сакаме да одиме. Стадион на кој јужен Лондон ќе може да биде горд, дом вреден на нашите навивачи и нивната поддршка“, вели претседателот на Палас, Стив Периш.
Со подобрувањата, Кристал Палас ќе добие и поголем терен – 105 метри на 68 метри, со што „Селхарст Парк“ ќе ги исполнува регулативите на УЕФА и ќе може да биде домаќин на европски натпреварувања.
A NEW SELHURST PARK.
WITH A NEW CRYSTAL PALACE.
FOR A NEW ERA.
? https://t.co/KL07p6OfCt #CPFC ? pic.twitter.com/iFHC42UKiE— Crystal Palace F.C. (@CPFC) December 4, 2017