Премиерлигашот Кристал Палас им се приклучил на Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Наполи во трката за трансферот на српскиот репрезентативец, Лука Јовиќ, пренесе „Скај спорт“.
Напаѓачот на Ајнтрахт од Франкфурт, на полу-сезоната со 12 гола е прв стрелец во Бундес лигата.
Инаку, 21-годишниот Јовиќ се уште е играч на Бенфика, но според договорот Ајнтрахт за шест милиони евра најпрвин ќе го откупи неговиот договор од португалскиот тим, а потоа очекуваат да го продадат за не помалку од 40 милиони евра.
Кристал Палас мака мачи со неефикасноста, а откако на клубот од Лондон им пропаднале преговорите со Миши Батшуаи, тое го насочиле интересот кон Јовиќ.
Доколку се случи Јовиќ да заврши во Каристал Палас, тоа би бил нов клупски рекорд. Во минатото за Кристијан Бентеке, Палас платиле 32 милиони евра.
Инака, капитен и најдобар стрелец на Кристал Палас е сонародникот на Јовиќ, Лука Миливојевиќ.