Челси, како сега стојат работите, ќе остане без Андреас Кристенсен. Прашање е само дали Челси ќе му дозволат да замине во преодниот рок, кога ќе можат да заработата од неговиот трансфер, или тој по завршувањето на сезоната како слободен играч ќе замине од Лондон.
Челси, во овој момент, добиле неколку понуди за данскиот репрезентативец . Ги отфрлиле оние кои доаѓаат од ривалите од Премиер лигата. Новинарот Фабрицио Романо, тврди дека борбата за неговиот потпис ќе ја водат Барселона и Јувентус.
Вредноста на Кристенсен, според „Трансфермаркт“, изнесува 35.000.000 евра.