Top Sport

Кристијано бара училишта и куќи во Англија

Манчестер јунајтед се алармирани по тврдењата дека Кристијано Роналдо сака да замине од Реал Мадрид, и дури почнал да бара куќа и училишта во Англија, јавува „Дејли мирор“.

Според шпекулациите Роналдо е во конфликт со шефот на Реал, Флорентино Перез и побарал неговата клаузула за прекин на договорот да биде намалена од 1 милијарда евра на 100 милиони евра.

Според „Мирор“, Роналдо сигурно ќе го прати својот седумгодишен син Кристијано Јуниор во приватно училиште во Англија, и при посетата минатиот месец разгледувал и опција да купи куќа во Сареј, и стан во Лондон.

Португалецот замина од Јунајтед во Мадрид во 2009 година откако токму во Манчестер стана фудбалска ѕвезда во тимот на Сер Алекс Фергусон, кој го донесе како анонимен тинејџер на „Олд Трафорд“. Роналдо никогаш не криел дека Јунајтед му е во срцето, а на тимот од Манчестер дефинитивно му се потребни промени по лошата форма во последно време.

„Мирор“ тврди дека главната причина за несогласувања со водството на Реал е прекршеното ветување за зголемување на платата со кое би се израмнил со Лионел Меси, кој наводно добива милион фунти неделно со новиот договор со Барселона. Покрај тоа, Роналдо е незадоволен од јавното „флертување“ на Реал со Нејмар и обидите да го донесат Бразилецот повторно во Шпанија.

Scroll to Top