Top Sport

Кристијано го шири бизнисот – отвара клиника за пресадување коса

Кристијано Роналдо покрај тоа што е еден од најдобрите фудбалери во историјата на спортот, е и човек со добро око за бизнис, кој сега ќе го прошири со клиника за пресадување на коса, каде што неговата девојка, Георгина Родригез ќе биде менаџер.

Според „Дејли мирор“, клиниката е проект на „Инспарја групацијата“ во која 34-годишниот Роналдо е ко-основач и ќе се отвори во градот каде што порано го заработуваше фудбалскиот леб – Мадрид и тимот ќе биде составен со 150 експерти и 18 соби.

Роналдо вложил 1 милион евра и се очекува во следните неколку години да вложи дополнителни 25 милиони во развој. Трансплантацијата ќе чини од 4.000 евра па нагоре и целта е да се прават 18 интервенции дневно.

„Покрај фудбалот, јас сум страствен за здравјето, технологијата и развојот и сакам да инвестирам во такви проекти. Сакав првата клиника да биде во Мадрид, град каде што живеев повеќе години“, коментирал Роналдо.

Ова е само еден од многуте проекти на Роналдо, од долна облека, хотели, ЦР7 парфем, ќебиња, а покрај тоа во негова чест е именуван и аеродромот во неговиот роден остров Мадеира, каде што постои и музеј посветен на Португалецот.

Scroll to Top