Во понеделникот навечер дојде најочекуваната награда во фудбалот – ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо ја доби наградата за најдобар фудбалер минатата сезона од страна на ФИФА, победувајќи ги Лео Меси и Нејмар.
Роналдо освои 43.16% од гласовите, пред Меси со 19.25% и Нејмар со 6.97%. Меѓутоа, додека португалскиот напаѓач ја преземаше наградата, камерита ја фатија реакцијата на неговиот настар син, Кристијано јуниор, кој ги имаше очите вперено во Лео Меси.
Не е тајна дека Роналдо јуниор е голем фан на Меси, нешто што се откри во филмот за кариерата на Роналдо, така што не беше изненадување што кога неговиот татко ја примаше наградата, малиот Роналдо седеше до Георгина Родригез со поглед кон Меси.