Top Sport

Кристијано ќе отвори хотел во Мадрид

Кристијано Роналдо наскоро ќе отвори елитен хотел во центарот на Мадрид. Станува збор за проектот во кој фудбалерот на Реал соработува со синџирот на хотели „Пестана“. Проектот требаше да се реализира во 2015 година, а потоа беше одложен за 2019.

Новиот хотел во центарот на Мадрид треба да го носи името „Pestana CR7 Madrid“, а се наоѓа во близина на книжарата „Каса дел Либро“ за која се шпекулираше дека токму таа ќе биде следната инцестиција на славниот фудбалер.

Според шпанските медиуми хотелот треба да има осум ката и 164 соби, а деветтиот кат ми се користел како приватен стан.

Најелитниот дел од хотелот ќе биде поттаванскиот простор чија површина изнесува 210 метри квадратни.

Scroll to Top