Top Sport

Кристијано ќе присуствува на доделувањето на наградите „Глобал Сокер“

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, потврдил дека ќе се појави на церемонијата во Дубаи, на која ќе бидат доделени наградите за играч на годината. Овие награди се наречени „Глобал Сокер“

Главни конкуренти на Потугалецот ќе му бидат Французите Антоан Гризман од Атлетико Мадрид и Килијан Мбапе од Пари Сен Жермен.

Кристијано Роналдо е пет-кратен добитник на оваа награда. „Глобал Сокер“ се доделува од пред десет години.

Интересно, Кристијано Роналдо, не присуствуваше на доделувањето на наградите што ги доделија ФИФА, односно „Франс фудбал“. Овие награди ги освои Лука Модриќ.

Своето присуство во Дубаи го потврдиле првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, францускиот селектор Дидие Дешам, како и поранешните бразилски репрезентативци Роналдињо и Роналдо.

Scroll to Top