Реал Мадрид е во потрага по уште еден напаѓач, кој ќе биде алтернатива со оспоруваниот Карим Бензема. Во потрагата се вклучил и Кристијано Роналдо, кој според шпанските медиуми, на клубот му го препорачал својот сонародник Андре Силва.
Соиграчот на Кристијано во португалската репрезентација во летниот преоден рок од Порто се пресели во Милан, но во последно време е еден од најкритикуваните фудбалери на „росонерите“ поради хроничната неефикасност во Серија А.
Андре Силва летово добро тргна, шест гола на шест натпревари во Лига Европа, но во Серија А нема постигнато ниту еден гол.
Како што пишува „Диарио гол“, Кристијано Роналдо ургирал кај раководството на Реал да го имаат предвид името на Андре Силва, доколку Флорентино Перез во јануарскиот преоден рок не успее да го реализира трансферот на Мауро Икарди.
Според шпанските медиуми, Кристијано „навива“ за својот сонародник бидејќи не сака покрај себе во тимот да има ѕвезда каква што е Икарди.