Шпанската Управа за јавни приходи ја разгледува опцијата да го ослободи Кристијано Роналдо за еден од четирите финансиски прекршоци, но и покрај тоа Португалецот се соочува со сериозни казни.
Како што пишува „Ел Мундо депортиво“, Кристијано мора да ги признае финансиските малверзации и да се соочи со одредени снкции.
Шпанските даночници биле подготвени да му ја препоповат казната за измамата со неплатениот данок од правата на неговите фотиграфии, а како што шишува весникот, Португалецот во тиј случај би морал да плати околу 10 милиони евра и да добие условна затворска казна.
Доколку Роналдо се обиде да се договори со даночниците, тогаш тој би морал да плати помеѓу 20 и 30 милиони евра. Во случај да не биде постигнат договор, тогаш Управата за јавни приходи би барала од Роналдо да плати 14,7 милиони евра, би го обвинила за сите четири даночни прекршоци, случајот би завршил на суд, а сметката на Роналдо би била полесна за околу 100 милиони евра.
Роналдо тврди дека не го прекршил законот, но и доколку и го докаже тоа во секој случај преку административните санкции, ќе остане „полесен“ за околу 10 милиони евра.