Top Sport

Кристијано немој повеќе да ги изведуваш слободните удари (Видео)

Кристијано Роналдо се уште не постигнал гол од слободен удар на официјален натпревар за Јувентус.

Странските медуми го извадиле податокот дека Роналдо се обидел 28 пати да постигне гол од слободен удар, не постигнал гол, а дури 19 од неговите удари завршиле во живиот ѕид.

Единствениот гол што го постигнал од слободен удар е оној против Интер одигран летово во рамките на Меѓународниот куп на шампионите.

Исто така се додава дека по неговиот трансфер во Торино Миралем Пјаниќ и Паоло Дибала останале без шанси да ги изведуваат слободните удари.

Scroll to Top