Top Sport

Кристијано Роналдо четврти пат стана татко (Фото)

Најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо вечерва по четврти пат стана татко.

Неговата девојка Георгина Родригез во неделата ја роди ќерката Алана Мартина. Среќниот татко оваа вест ја објави преку „Инстаграм“.

„Штотуку се роди Алана Мартина. Гио и Алана се сјајни! Сете сме пресреќни“, напишал Кристијано.

За потсетување Кристијано Роналдо е татко на Кристијано и близнаците Ева и Матео, кои се родени од непозната сурогат мајка.

Scroll to Top