Кристијано Роналдо, во средата, постигна два гола во поебдата на Реал над ПСЖ (3:1) во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите и дојде до бројката од 116 гола во најпрестижното клупско натпреварување во светот на фудбалот.
Во сите формати, најпрвин како Куп на европските шампиони, а потоа и како Лига на шампиони во ова натпреварување учествувале 511 клубови, а само 48 постигнале повеќе голови од Португалецот.
Еден гол повеќе од Кристијано има постигнато ЦСКА Москва, а на 118 гола се неговиот матичен клуб Спортинг од Лисабон, односно Фенербахче, Бриж и Копенхаген.
Со голгетерскиот учинок Португалецот е блиску и до Рома (122 гола), а има постигнато повеќе голови од Манчестер Сити (102) и Наполи (60).
Cristiano Ronaldo is involved in the part of the pitch that matters ? pic.twitter.com/7eeDq5HYFQ
— B/R Football (@brfootball) February 15, 2018
На врвот на листата на најефикасни екипи во Лигата на шампионите е клубот чии дрес го носи Кристијано Роналдо, Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“ 12 пати бил европски првак, а во досегашните настапи неговите играчи низ историјата постигнале 926 гола. Ова значи дека Кристијано Роналдо постигнал 12,6 отсто од головите на Реал во ЛШ.
Во Топ 10 покрај Реал се уште Баерн Минхен (652), Барселона (586), Манчестер Јунајтед (495), Милан (416), Јувентус (406), Бенфика (393), Ливерпул (356), Порто (341) и Арсенал (332).