Напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, верува дека не се родил фудбалер кој е подобар од него. Португалецот, во четвртокот во Париз, петти пат во кариерата ја доби престижната награда „Златна топка“ на „Франс фудбал“ и на чело на листата се израмни со Лионел Меси.
„Јас сум најдобриот играч во историјата на светскиот фудбал“, ги пренесе зборовите на Роналдо „Франс фудбал“, по свечената церемонија која беше организирана на Ајфеловата кула.
Одговарајќи на новинарско прашање за своите фудбалски идоли Роналдо не посочил никого.
„Беа многу. Секогаш сум ги истакнувал најдобрите во своите спортови. Значи не беше во прашање само еден спортист“, истакнал Португалецот.