Top Sport

Кристијано Роналдо најмногу ја сака 23.минута

Кристијано Роналдо е вистинска машина за постигнување на голови. Актуелниот играч на Јувентус се доближува до бројката од 700 гола во кариерата. Во моментов тој се наоѓа на бројката од 669 постигнати голови, како играч на Спортинг Лисабон, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

На оваа тема Португалците успеале да направат една интересна статистика и ја издвојуваат 23.минута. Статистиката покажува дека Кристијано во оваа минута постигнал 15 гола, најмногу во кариерата.

„Најдрага“ минута потоа му е 68. во која постигнал 13 гола. Одличен е и во финишот на натпреварите, во 89.минута, 12 пати ги тресел противничките мрежи, а исто толку голови постигнал и во 92.минута.

Интереснен е и податокот дека Роналдо седум пати успевал да постигне 11 гола во одредени минути, поточно во 14, 26, 28, 44, 50, 73 и 82.минута.

Инаку Роналдо 450 гола постигнал за Реал Мадрид, 118 како играч на Манчестер Јунајтед, пет за Спортинг, 11 од почетокот на сезоната за Јувентус и 85 за националниот тим.

Scroll to Top