Top Sport

Кристијано Роналдо нема да игра против Саудиска Арабија и САД

Португалскиот селекторт Фернандо Сантос не го повика Критијано Роналдо за пријателските натпревари со Саудиска Арабија и САД. Покрај најдобриот фудбалер во светот, Сантос, за овие дуели ги изостави од спискот и двајцата искусни крилни играчи Рикардо Кварежма и Нани.

„Има повеќе причини што не ги повикав за овие натпревари. Ова за мене е исклучителна можност да ги проучам играчите за да можам да ги одберам најдобрите 23-ца за Мундијалот во Русија“, изјавил за за „ЕСПН“ португалскиот селектор.

Фернандо Сантос смета дека престојните два натпревари се добра можност да види како играчите ќе реагираат на различни стилови на игра со какви не се среќаваат секој ден.

Португалија ќе ја пречека Саудиска Арабија на 10 ноември, а четири дена подоцна ќе игра против САД,

Scroll to Top