Top Sport

Кристијано се пофали: Подготвен да експлодирам (видео)

Кристијано Роналдо се пофали дека е во одлична физичка форма, објавувајќи видео од спринтерските тренинзи во тренинг-центарот на Јувентус пред најавеното враќање на Серија А.

35-годишниот Португалец го покажа својот спринтерски тренинг заедно со својот син Кристијано Роналдо, најавувајќи дека е во „експлозивен мод“.

Роналдо поголемиот дел од карантинот поради корона вирусот го помина на својот роден остров, Мадеира со девојката Георгина Родригез и со своите четири деца, но постојано објавуваше видеа од неговите подготовки.

Неговото семејство неодамна се врати во Торино, каде што мораа да го поминат двонеделниот карантин пред да се вратат на групните тренинзи со тимот.

 

View this post on Instagram

 

Explode mode ??

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Scroll to Top