Top Sport

„Кристијано си замина, сега јас сум главниот во Реал“

Карим Бензема е единствениот играч на Реал кој оваа сезона ја одигра на високо ниво. Напаѓачот максимално го искористи заминувањето на Кристијано Роналдо и успеа да ја заврши сезоната со 30 гола и 11 асистенции на 52 одиграни натпревари.

Бензема деновиве бил гостин на една француска телевизија, каде говорел за кариерата во Реал (тој е во Мадрид од 2009 година), за Кристијано Роналдо, односот што го има со тренерот Зинедин Зидан и за Светското првенство во Русија.

„Крстијано Роналдо е брилијантен фудбалер, но тој замина од клубот. Дали сега јас сум главен играч во тимот? Да, може тоа да се каже, но сепак најважна е тимската работа. Горд сум на својата кариера. Најдраг спомен ми е моментот кога ја освоивме првата титула во Лигата на шампионите. Потоа освоивме уште три. Такви моменти не се забораваат“, рекол Бензема.

За Зинедин Зидан вели дека ми е како постар брат.

„Со Зидан имам посебен однос, многу сме блиски. Го запознав многу пред да ми стане тренер. Нашиот однос е повеќе од пријателски, тој ми е како дел од семејството. Зидан мие како постар брат кој многу ми помогнал“.

Бензема од 2015 година, поради скандалот со соиграчот Валбуена, не е дел од репрезентацијата. Играчот на Реал, во тој период заедно со свои пријатели го уценувал Валбуена со секс снимка.

Поради тоа селекторот Дидие Дешам ги „избриша“ двајцата од националниот тим. Бензема не играше на Европското првенство во 2016 година и на Светското првенство во 2018 година на кое Францијаја свои титулата.

„Финалето го гледав дома, во Лион, со моето семејство. Веднаш му испратив порака на Варан. Среќен сум што победија, а секако дека сакав да сум и јас таму со нив“, рекол Бензема.

Scroll to Top