Top Sport

Криза? Алегри има послаб скор и од Сари и од Пирло!

Новата сезона не почна најдобро за Јувентус. Враќањето на Масимилијано Алегри на тренерското место требаше да донесе стабилост и верба за враќање на скудетото откако лани го загубија од Интер, но наместо тоа резултатите се очајни.

По вчерашниот драматичен пораз во финишот на мечот од Сасуоло (1:2), Макс Алегри успеа да собере помалку поени од Андреа Пирло, иако ова беше нивниот прв пораз по 10 меча во сите натпреварувања.

Ова беше трет пораз во Серија А за Јувентус оваа сезона, додека уште три од преостанатите седум меча завршија со ремија, вклучувајќи ги дерби мечевите со Милан и Интер.

Андреа Пирло беше отпуштен од Јувентус по тешката 2020/21 во која ја освои титулата од Суперкупот и од Копа Италија, но едвај влезе во топ 4 за пласман во ЛШ. Алегри на крајот собра 5 поени помалку од Пирло по 10 меча и дури 11 помалку од Маурицио Сари во 2019/20, кога Јувентус стигна до титулата.

Јувентус се седми во лигата со дури 13 поени заостанување зад Милан, и статистиката вели дека ниту еден клуб не се вратил од таква негатива по 10 меча за да стигне до скудетото.

Scroll to Top