Монако пред две години беше шампион на Франција и тим од кој се очекуваше да биде ривал на Пари Сен-Жермен и оваа сезона, но стартот не ветува ништо добро.
Тимот од кнежевеството го забележа својот трет пораз за само седум дена во Лига 1, откако Анжер со голот на Баокен стигна до 0:1 победа. Со овој пораз, Монако се во долниот дел од табелата во францускиот шампионат (16. место), со само една победа.
Клубот од „соседството“, Ница пак, под водство на новиот тренер, Патрик Виера, стигна до 2:1 победа на гости кај Нант.