Top Sport

Кризата на „Вестфален“ нема крај – Вердер со победа кај Борусија (видео)

Кризата на Борусија Дортмунд како да нема крај, откако Вердер, тим кој цела сезона се мачи со формата и се наоѓа во зоната за испаѓање успеа да си замине со три поени од „Сигнал Идуна Парк“.

Ова е седми натпревар во Бундеслигата во кој „милионерите“ не стигнуваат до победа и останува да се види до каде ќе оди трпението на управата на Борусија со холандскиот тренер Петер Бос.

„Зелено-белите“ од Вердер стигнаа во водство во 26. минута преку фантастичниот гол на младиот Макс Егештајн, но изгледаше дека Борусија се враќа во игра кога Пјер-Емерик Обамејанг најдобро се снајде во мешаницата во гостинскиот шестнаесетник во 57. минута. Меѓутоа, само девет минути подоцна чешкиот репрезентативец Теодор Гебре Селасие го постави конечниот резултат.

На врвот немаше изненадувања – Баерн Минхен стигна до тешка победа од 0:1 на гостувањето кај Ајнтрахт во Франкфурт благодарение на голот на Артуро Видал, за да ја зголеми предноста пред РБ Лајпциг, кои во финишот на натпреварот со Мајнц примија гола за реми 2:2.

Со ова, Баерн останува лидер во Бундеслигата со 35 поени, шест повеќе од Лајпциг, додека Борусија сега е само на седмото место со 13 поени помалку од Баварците.

БУНДЕСЛИГА, 15. КОЛО

Борусија Дортмунд – Вердер Бремен 1:2

Ајнтрахт Франкфурт – Баерн Минхен 0:1

Хамбургер – Волфсбург 0:0

РБ Лајпциг – Мајнц 2:2

Scroll to Top