Top Sport

Кројф доби статуа пред „Ноу Камп“

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Јохан Кројф, доби статуа пред стадионот на Барселона „Ноу Камп“.

Легендарниот Холанѓанец пет години (1973-1978) го носел дресот на Барселона. Во тој период постигнал 61 гол, а одиграл 184 натпревари.

Во кариерата три пати ја освоил Златната топка (1971, 1973, 1974), а според статистиката на ИФФХС тој е најдобриот европски играч во 20 век и втор најдобар во светот зад Пеле.

Крој не бил авангарда само на теренот, туку тоа бил и подоцна како тренер и функционер во Барселона. Негов е проектот за прочуената академија на клубот, Ла Масија.

Scroll to Top