Top Sport

Крокодил влета на фудбалски тренинг на Флорида

Неверојатна сцена е видена во Флорида. Фудбалерите на Торонто ФЦ тренирале кога на теренот дошол „неочекуван гостин“.

Им се придружил крокодил, а иако на прв поглед сето тоа им изгледало забавно, сцената не била баш најбезгрижна.

Исплашеното животно, на кое фудбалерите му „подале“ фудбал во еден момент почнало да бега по теренот, па настанал хаос.

Најпрво сите заинтересирано следеле што се случува, но кога крокодилот почнал силно да трча, настанала мешаницата.

Scroll to Top