Top Sport

Крос демантира дека го напушта Реал

Играчот на Реал Мадрид, Тони Крос, ги демантира шпекулациите дека по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот. Шпанските медиуми, по враќањето на Зинедин Зидан, го ставаат Крос во групата на играчи што во летниот преоден рок ќе си заминат од Мадрид.

Германскиот репрезентативец, доцна синоќа, на „Твитер“ напишал дека нема намера да си оди.

„Апсолутно лажна информација“, напишал Крос и го приложил текстот на „АС“, во кој се тврди дека оваа сезона за него е последна во клубот.

Тони Крос ја одработува петтата сезона во Реал, која за него е најлоша на „Сантијаго Бернабеу“. Неговиот славен сонародник Бернд Шустер го нарече „трактор што работи на дизел“.

Наводно за него заинтересирани биле Јувентус и Манчестер Јунајтед.

Scroll to Top