Top Sport

Крос: Имав многу понуди, но сакам да останам до крај во Реал

Тони Крос открива дека имал многу понуди да го напушти Реал Мадрид, но ги одбил бидејќи планира да остане до крајот на својата кариера на „Сантијаго Бернабеу“.

30-годишниот Крос ја игра својата седма сезона во шпанската престолнина со фантастична постојаност, освојувајќи 13 големи титули од кои 3 во Лигата на шампионите по неговиот трансфер од Баерн Минхен во 2014 година. И покрај шпекулациите дека ќе ја приврши кариерата во својата татковина, тој не е заинтересиран за такво нешто.

„Секогаш сакам да се вратам во Германија бидејќи тоа е мојата татковина и таму се зборува мојот јазик. Но, уживам во животот во Мадрид и во играта за Реал Мадрид. Имав понуди од клубови, но никогаш не преговарав со никого бидејќи сакам да ја завршам мојата кариера во Мадрид“, објаснува Крос.

Scroll to Top