Top Sport

Крос: Одиш во ПСЖ, или не одиш воопшто во Франција

Тони Крос вели дека француската Лига 1 е далеку најслабата од топ 5 лигите во Европа, и покрај тоа што токму во германската Бундеслига Баерн Минхен апсолутно доминира.

ПСЖ оваа година имаат 32 поени од 12 меча без пораз, и тимот на Унаи Емери уште сега е речиси сигурен „пик“ за да ја врати титулата од Монако. Играчот на Реал Мадрид, Тони Крос не е импресиониран и вели дека Бундеслигата има поголем кредибилитет.

„Француската лига во основа не е лоша. Но, јасно е кој ќе ја освои титулата на крај. Или ќе одите во ПСЖ или воопшто не одите таму. Бундеслигата е посилна лига и добро место за фудбал. Можам само да ја препорачам на младите фудбалери“, вели Крос.

 

Scroll to Top