Играчот од средниот ред на Реал Мадрид и на германската репрезентација, Тони Крос го критикуваше својот поранешен колега Месут Озил поради критиките за расизам откако фудбалерот на Арсенал се откажа од националниот дрес.
29-годишниот Озил се повлече од репрезентацијата во јули откако Германија излета од натпреварите по групи на СП во Русија велејќи дека чувствувал „расизам и недостаток на почитување“ поради неговото турско потекло. Крос не се согласува.
„Месут беше значаен фудбалер за нашата репрезентација и заслужуваше подобро заминување. Но, начинот на кој се откажа не беше во ред“, вели Крос.
Озил беше дел од славната генерација која во 2014 ја освои титулата во Бразил, но пред Мундијалот во Русија беше на удар на критиките поради фотографијата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Деловите на неговата изјава се валидни, но се во сенка на голем број на глупости. Тој знае многу добро дека нема расизам во националниот тим и во федерацијата“, вели 28-годишниот Крос, кој потврди дека ќе остане во репрезентацијата барем до Европското првенство во 2020 година.