Тони Крос ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ барем уште една сезона, продолжувајќи го договорот со Реал Мадрид до 2024 година, тврди обично добро информираната „Марка“.
33-годишниот Крос пристигна во Реал Мадрид од Баерн Минхен во 2014 година и оттогаш стана еден од најуспешните играчи на „кралевите“ освојувајќи 19 трофеи, вклучувајќи 4 титули од Лигата на шампионите во 405 меча кои ги одигра за клубот од Мадрид.
Крос останува прв избор на тренерот Карло Анчелоти и покрај тоа што во тимот има и доста помлади фудбалери, и останува да се види дали ќе му се приклучи во 2023/24 уште еден ветеран во Лука Модриќ, кој уште не се договорил со управата на клубот по шпекулациите дека тие сакаат тој да се откаже од хрватската репрезентација за да добие продолжување.