Top Sport

Крос: Погба не може да ми го „земе“ местото во Реал

Германскиот репрезентативец Тони Крос, во понеделникот ја продолжи соработката со Реал. Иако изминатите месеци имаше многу шпекулации околу неговата иднина, Крос потпиша нов договор што значи дека кариерата ќе ја заврши во дресот на „кралскиот клуб“.

Пред потпишувањето на новиот договор Германецот имал важен разговор со тренерот Зинедин Зидан.

„Да разговаравме, знам какви се плановите. Ќе имам важна улога, толку можам да ви откријам. Зизу ме познава, знае каде можам да играм. Јас мислам дека тоа е лево во редот за врска…Доколку имаше и најмал сомнеж околу мојата иднина сигурно е дека немаше да бидам тука. Пол Погба? Неговото доаѓање ништо не би сменило. Јас би се борел за моето место во почетниот тим“, рекол Крос.

Scroll to Top