Top Sport

Крос: Прославите на Обамејанг и Гризман се глупави, треба да се слави како Герд Милер

Ѕвездата на Реал Мадрид и на германската репрезентација, Тони Крос ги нападна фудбалерите кои учествуваат во „кореографии“ при прославата на своите голови, посебно издвојувајќи го капитенот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг и Антоан Гризман од Барселона.

30-годишниот Крос, кој ги има освоено речиси сите можни титули со Реал и со Германија, ретко бара да биде во центарот на вниманието и повеќе се фокусира на својата игра и затоа можеби не зачудува што не му се допаѓаат тие кои бараат внимание. Обамејанг е познат по тоа што понекогаш става маски на суперхерои (Црниот пантер, Бетмен) по постигнувањето на голови, додека Гризман, посебно додека беше фудбалер на Атлетико Мадрид, головите ги прославуваше со танцови од видео-играта „Фортнајт“.

„За мене тоа е многу глупаво. Уште полошо е кога имаат работи скриени во чорапите. Обамејанг вадеше маска за да прослави. Тоа е крај за мене. Мислам дека тоа не е добар пример за младите. Вистинска глупост. За мене, вистински беше Герд Милер, кој само скокнуваше и ги креваше шорцевите. Тоа е тоа, вистинска радост, ништо повеќе“, вели Крос.

Scroll to Top