Top Sport

Крос: Сите во Реал беа среќни кога си отиде Роналдо!

Мадридски Реал ќе му го продолжи договорот на германскиот интернационалец, Тони Крос до летото 2023 година.
Герменецот кој со „Кралевите“ освои три титули во Лигата на шампионите во зарговор за „Спорт Билд“ рече дека по заминувањето на Кристијано Роналдо од Мадрид ништо повеќе не било исто.

„Невозможно е да не се почувствува отсуството на играч како Ронадо. Тој реши толку многу натпревари и сите беа среќни за неговиот придонес. Но, по 9 години, почувствува дека е време за нов предизвик, з аново искуство, а Реал од тоа заработи многу пари, така што од неговото заминување сите беа задоволни“ – вели Крос.


Фудбалерот од средниот ред кој со Германија стана светски шампион во 2014 година има 29 години и уште неколку сезони се пред него.

„кога ќе ми истече договорот ќе имам 33 години и можеби тогаш ќе одам во „пензија“. Тогаш ќе седнам и ќе размислам за тоа. Сепак, уште отсега кажувам, нема да играм фудбал во САД, Кина или Катар“ истакна Тони Крос.

Герменецот во Реал дојде од Баерн Минхен за 25 милиони евра, а до сега за мадридскиот клуб одигра 233 меча, постигна 13 гола и запиша 59 асистенции.

Со Реал Мадрид освои 11 трофеи.

Scroll to Top