Top Sport

Крос уште не е сигурен што ќе прави следната сезона

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос повторно посочи дека не знае дали ќе биде во кралскиот клуб и следната сезона, бидејќи договорот му завршува по крајот на сезоната.

„Уште размислувам за тоа што ќе правам следната сезона, постојано во контакти со клубот. Од искуство знам дека е подобро тие работи да се одвиваат приватно, далеку од јавноста, и ако нешто се случи, сигурен сум дека вие новинарите бргу ќе го дознаете Има многу фактори и морам да бидам сикрен. Нема да потрае уште долго врме, но засега немам направено одлука. Смирен сум“, изјави Крос.

Тој додава дека смета дека може да помогне на Реал.

„Уште играм многу минути и мислам дека можам да му помогнам на тимот. Нормално е понекогаш да се најам на клупата поради напорниот распоред на натпревари“, додава Германецот.

Scroll to Top