Беневенто имаше ветувачки 1-0 се до 93 минута од мечот против Кротоне, а притоа гостите беа со играч помалку од 24 минута.
Се „мирисаше“ на 3 бода (Лападула во 13 минута погоди за 1-0) кои ќе оставеа надеж за екипата предводена од Пипо Инзаги и следната сезона да игра во најквалитетното друштво, но пред последниот судиски свиреж Кротоне израмни на 1-1. Сими му донесе бод на тимот кој и математички од порано е во Серија Б.
Сега Беневенто кој е на -3 бода зад Торино, кој има и меч повеќе за играње, му останува надежта противникот да ги загуби сите мечеви до крајот, вклучувајќи го и меѓусебниот дуел кој се игра на 23 мај.
Во истиот термин се одигра и мечот меѓу Удинезе и Сампдорија. Гостите од Џенова ја однесоа победата со 1-0, а стрелец на погодокот беше Кваљарела од пенал во 88 минута.