По 5 години поминати на „Чизмата“ Раде Круниќ си оди од земјата. Поранешниот босански фудбалски репрезентативец дојде во редовите на „росонерите“ како големо засилување, но претходната сезона ја помина на клупата.
Сјајните партии во Емполи го препорачаа во дресот на Милан, но по се изгледа нема долго да се задржи на „Сан Сиро“.
Бундеслигашот Фрајбург испрати понуда до Милан вредна 8 милиони евра.
Ако ја прифатат, челниците на Милан би профитирале затоа што на Емполи за Круниќ му платија 6 милиони евра.
Она што претставува проблем за Фрајбург е фактот што за неговите услуги се заинтересирани и Торино, односно Сампдорија.
@AntoVitiello – El Milan recibió una oferta del Friburgo de €8m por Rade Krunic. La dirección del equipo lo está pensando. Pronto habrá una respuesta. pic.twitter.com/txJZ4IPcXN
— Universo AC Milan. (@UniversoACMilan) September 11, 2020