Даниел Малдини (17) е третиот член на славното фудбалско семејство што заиграл за Милан. Неговиот дедо Чезаре дебитирал во 1954 година, таткото Паоло во 1985 година. Даниел е прв напаѓач од лозата Малдини, дедото и таткото играле во одбраната.
Даниел е роден во октомври 2001 година, а минатата сезона воодушевил со своите настапи за вториот тим на Милан. Тој најдобро се снаоѓа како полу-шпиц.
Најмалдиот Малдини дебитираше за Милан на натпреварот против Баерн во рамките на Меѓународниот Куп на шампионите.
„Каков ден за Даниел Малдини: дебитираше, играше еден час и речиси постигна гол“, со ваков наслов дебито на Даниел го испрати „Газета дело Спорт“.
Во формацијата 4-3-1-2, Малдини играл позади напаѓачите Кастилјехо и Пјонтек. Во 59 минута на неговото место влегол Кутроне.
„Газета дело Спорт“ пишува дека неговото деби и покрај нервозата било позитивно и дека забележливи биле неговите фудбалски гени.
Инаку, неговиот татко легендарниот Паоло Малди е технички директор на Милан, но тоа не значи дека тој „со врски“ ќе избори место во сениорскиот тим. Италијанските медиуми пишуваат дека тој најверојатно наредната сезона ќе биде позајмен во Кротоне.