Top Sport

Кучето на Љоренте се вика Енфилд

Маркос Љоренте играчот на Атлетико Мадрид го прекина сонот на Ливерпул за одбрана на титулата во Лигата на шампионите. Љоренте со два гола го реши осмина-финалниот реванш на „Енфилд“.

На 11 март Љоренте постигна два гола во продолженијата со кои го израмни резултатот на 2:2, а потоа во 120 минута му асистеираше на Мората кој попостигна победничкиот гол за Атлетико.

Шпанецот на необичен начин реши да го обележи најважниот меч во неговата досегашна кариера.

Познат како голем љубител на животните, Љоренте на својот нов миленик му го дал името „Енфилд“.

Scroll to Top