Леганес синоќа приреди мала сензација со победата над Барселона (2:1), во рамките на шестото коло во Примера. Еден од хероите на победата беше голманот Иван Куељар, кој имаше неколку брилијантни интервенции.
Леганес против Барселона ја залежа првата победа во сезоната, а по мечот голманот бил разочаран од односот на противничките фудбалери.
„Ниту еден играч на Барселона не дојде да се поздрави со нас, мислам дека тое не е убав гест од нивна страна. На ниту еден наш играч не му честитаа“, рекол Куељар.