Top Sport

Куко Мартина излезе од болница по страшниот пад

Бекот на Евертон, Куко Мартина излезе од болницата во Лион по незгодниот пад на мечот од Лигата не Европа во еден страшен момент за капитенот на репрезентацијата на Курасао.

Мартина по еден воздушен дуел со Максвел Корнет пред полувремето на мечот ја удри главата од теренот и неколку минути добиваше медицинска помош, пред да биде однесен во болница. Евертон загубија со 3:0.

„Куко Мартина беше однесен во болница каде што беше набљудуван во текот на вечерта. Тој подоцна е пуштен и ќе се врати со тимот во Англија“, објавија од Евертон.

Привремениот менаџер на Евертон, Дејвид Ансворт потврди дека сè е во ред со Мартина.

„Тој има потрес на мозокот и се жали на болки во вратот, така што веднаш беше во однесен во болница да се направат сите прегледи. Се надеваме дека не е ништо сериозно“, изјави Ансворт.

Scroll to Top