Top Sport

Кулибали: Сари не ми дозволи да присуствувам на раѓањето на синот

Калиду Кулобали е еден од најдобрите светски дефанзивци. Сенегалецот целосна афирмација доживеа кај Маурицио Сари во Наполи. Иако искусниот тренер има големо влијание во развојот на неговата кариера, Кулибали баш и наме убаво мислање за поранешниот тренер.

Кулибали се потсетил на една ситуација во 2016 година кога како што вели „помислил дека Сари е лош човек“.

Таа година Кулибали дознал дека ќе стане татко пред натпреварот со Сасуоло.

Побарал од Сари да го ослободи од обврските. Тренерот го пуштил да оди да ја види сопругата но му наредил да се врати пред мечот.

„Се подготвувам во соблекувалната, кога го слушам Сари како го чита составот. Слушам дека мене ме нема во првиот тим. Започнав да му викам, тој зборувае дека сум му потребен за натпреварот. Тој ми рече дека тоа е неговиот избор и дека сум му потребен на клупата. Помислив дека е лош човек. Поради него не присуствува на раѓањето на мојот син“, напишал Кулибали за „Плејерс Трибјун“.

Scroll to Top