Сенегалскиот дефанзивец Калиду Кулибали потпиша нов петгодишен договор со Наполи, потврди италијанскиот прволигаш.
27-годишниот централен бек беше поврзуван со трансфер во Челси, но сега ќе остане кај „партенопеи“ најмалку до 30 јуни 2023 година. Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис во август објави дека одбил три понуди од англиски клубови за „најдобриот дефанзивец на светот“.
Кулибали имаше 125 настапи во Серија А за Наполи откако дојде од белгискиот Генк во 2014 година и постигна осум гола. Се верува дека Наполи имаат ставено клаузула за раскин на договорот од над 100 милиони евра.