Top Sport

Кулушевски го брани Конте: Го респектирам, играчите мора да се одговорни

Ѕвездата на Тотенхем и на шведската репрезентација, Дејан Кулушевски застана во одбрана на менаџерот Антонио Конте по неговите остри критики по саботното 3:3 реми со Саутемптон, кое најверојатно ќе му донесе отказ на италијанскиот тренер.

Во (не)славната прес-конференција, Конте ја критикуваше желбата и посветеноста на неговите фудбалери и недостатокот на победнички менталитет во клубот. Кулушевски делумно се согласува.

„Не сум навреден од критиките, бидејќи знам што носам во клубт секој ден. Знам како се подготвувам и затоа секогаш можам чесно да се погледнам во огледало. Понекогаш, знам дека не играм добро, и можам да ја преземам одговорноста за тоа. Но, тоа што го кажа Конте, тоа се негови зборови. Го почитувам бидејќи ми помогна многу во кариерата и уште е важен човек во мојата работа како фудбалер“, вели Кулушевски.

Тој исто така не се согласува со својот соиграч Пјер-Емил Хојбјерг, кој побара Конте да биде попрецизен во критиките.

„Знам дека беше разочаран, исто какао сите играчи. Мораме да прифатиме дека испаднавме од сите купови, од Лигата на шампионите. Понекогаш треба да си тажен или лут и тој го направи тоа. Мораме да ги респектираме неговите зборови“, додава Кулушевски.

Scroll to Top