Top Sport

Кулушевски не одговори на шпекулациите дека оди во Тотенхем

Крилото на Јувентус, Дејан Кулушевски вели дека секогаш е фокусиран на следниот натпревар, по шпекулациите дека неговите денови кај „бјанконерите“ се одброени и дека му се подготвува трансфер во Тотенхем, но и можно враќање во Јувентус.

21-годишниот Швеѓанец со македонско потекло, има седум меча во Серија А со Јуве оваа сезона, но само еднаш како стартер и не успеа да ги исполни големите очекувања кога пристигна во јануари 2020 година. Италијанските медиуми тврдат дека Тотенхем, каде што сега спортски директор е поранешниот прв човек на Јувентус, Фабио Паратичи, се заинтересирани за трансфер веќе во јануари.

„Кога си фудбалер, секогаш има шпекулации. Добро е кога има заинтересирани клубови, но не размислувам на тоа. Засега мислам само на следниот натпревар. Кого преферирам, Реал Мадрид или ПСЖ? Ако одговорам Реал Мадрид, а во иднина отидам во ПСЖ, што правиме“, вели Кулушевски за „Спортбладет“.

Scroll to Top