Top Sport

Кулушевски одлета за Лондон и порача: Се надевам дека ќе се вратам во Јуве

Дејан Кулушевски одлета од аеродромот во Торино за да го комплетира трансферот во Тотенхем, но најави дека планира да се врати во Јувентус.

Швеѓанецот со македонско потекло е еден од двајцата фудбалери на Јувентус кои заминуваат на позајмица во тимот на Антонио Конте, покрај Уругваецот Родриго Бентанкур, откако во клубот пристигна Душан Влаховиќ.

Повеќе италијански извори тврдат дека се работи за договор за позајмица од 18 месеци до јуни 2023 вреден 5 милиони евра, и опција за откуп на договорот, која ќе стане задолжителна ако Спарси влезат во Лигата на шампионите, а Кулушевски одигра барем 50 отсто од натпреварите. За Бентанкур, Тотенхем ќе плати 19 милиони евра.

„Бев среќен тука, се надевам дека ќе се вратам во Јувентус еден ден“, изјави Кулушевски за италијанските медиуми.

Scroll to Top