Top Sport

Кулушевски погоди на дебито за Јувентус

Актуелниот шампион на италија Јувентус вечерва ја започнува одбраната на титулата. Противник на „старата дама“ во Торино е Сампдорија. На клупата на Јувентус дебитира новиот тренер Андреа Пирло.

Од стартот Пирло изненади со поставата, на теренот се младиот Фработа и засилувањето од Шалке, Американецот Мекени.

Јувентус има предност од 1:0. Голот за водство го постигна Македонецот кој игра за Шведска Дејан Кулушевски.

Одбраната на Сампдорија успеа да го запре Кристијано Роналдо, топката се одби до Кулушевски, кој од 15 метри пласираше и го погоди спротивниот агол на голот кој го брани Аудеро.

Scroll to Top