Top Sport

Куман: Барса ќе направи сè да го заддржи Меси

Тренерот на Барселона, Роналд Куман вели дека клубот ќе направи сè што е можно да го убеди Лионел Меси да остане и по крајот на оваа сезона по состаноците со новиот претседател Жоан Лапорта за планирање на новата сезона.

Куман се сретна со Лапорта за време на интернационалната пауза за да разговараат за иднината на Меси, но и за потенцијалните засилувања, како Ерлинг Халанд од Борусија, откако Лапорта подоцна се сретна со таткото и агентот на Норвежанецот. Околу 33-годишниот Меси, но и околу иднината на клубот има многу неодговорени прашања, посебно бидејќи долгот на клубот за време на кризата со корона вирусот порасна на над милијарда евра.

„Секако, најважна работа е Лео Меси да помине уште многу години во овој клуб, и сите ќе направиме сè што е возможно тоа да се оствари. Во моментов, јас не размислувам за следната сезона, туку за понеделничкиот натпревар со Реал Валјадолид. Претседателот и неговите луѓе размислуваат во иднината. Имав шанса да се сретнам со него и со бордот и тоа е нормално во сите клубови“, вели Куман.

Според „ЕСПН“, Лапорта сака да ги почека резултатите на интерниот преглед на финансиите пред да му понуди нов договор на Меси. Куман сака да додаде напаѓач во тимот, и иако Халанд е „засилување од соништата“, тој би можел да чини над 200 милиони евра ако се сметаат провизиите на неговиот агент, отштетата на Борусија Дортмунд и платата, што е превисока сума.

„Не знам дали тој договор е возможен, но конечната одлука за тоа ја носи претседателот и бордот. Јас не можам да дадам одговор на тоа прашање“, вели Куман.

Scroll to Top