Top Sport

Куман: Барселона не знае како да го користи Де Јонг

Холандскиот селектор и поранешен фудбалер на Барселона, Роналд Куман вели дека неговиот сонародник Френки де Јонг се мачи со настапите за каталонскиот гигант бидејќи не игра на неговата најдобра позиција.

Блауграна платија 75 милиони евра на Ајакс за Де Јонг и од него се очекуваа големи работи покрај Серхио Бускетс и Иван Ракитиќ, но одеднаш ја снема енергијата со која 22-годишниот Холанѓанец ја диктираше играта на Ајакс.

Куман вели дека се прави голема грешка со талентот.

„Да, важно е тој да има натпревари, иако не игра на неговата најдобра позиција. Со репрезентацијата, тој игра подлабоко, но ние играме со два фудбалери од средниот ред кои ја држат топката, за разлика од Барса, која игра со еден во центарот. Позицијата е многу различна од таа што ја играше во Ајакс и иако е добро што вака учи да игра во нападот, тоа не е неговата најдобра позиција“, вели Куман во интервју за „Марка“.

Scroll to Top